Крај на одлична кариера – Нандо де Коло ја игра својата последна сезона

Кошаркарот на Фенербахче и поранешен француски репрезентативец, Нандо де Коло, изјави дека ќе ја заврши својата играчка кариера на крајот од сезоната, објави Basketnews.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарот на Фенербахче и поранешен француски репрезентативец, Нандо де Коло, изјави дека ќе ја заврши својата играчка кариера на крајот од сезоната, објави Basketnews.

„Не реков дека ќе се пензионирам ако ја освојам Евролигата со Фенербахче. Но, да бидам целосно искрен, ова ќе биде мојата последна сезона. Размислувам за тоа веќе некое време. Од почетокот на сезоната имав идеја дека ова може да биде мојата последна година“, изјави Де Коло за францускиот медиум Bebasket.

Францускиот кошаркар моментално е надвор од теренот поради повреда, а оваа сезона одигра 12 натпревари за турскиот клуб во Евролигата, постигнувајќи просек од 10,9 поени по натпревар.

Де Коло (38) пристигна во Фенербахче на почетокот на годината од Асвел. Претходно играше за Фенербахче од 2019 до 2022 година.

Покрај Асвел и Фенербахче, францускиот кошаркар играше и за Шоле, Валенсија, Сан Антонио, Торонто и ЦСКА.

Де Коло двапати ја освои Евролигата со ЦСКА, во 2016 и 2019 година, а во 2010 година беше освојувач на Еврокупот со Валенсија.

Во 2016 година, францускиот кошаркар беше прогласен за најкорисен играч (MВП) во регуларната сезона и на Фајнал Фор на Евролигата. Истата година го доби и трофејот Алфонсо Форд за најдобар стрелец на Евролигата.

Со француската репрезентација освои пет медали на големи натпреварувања, а се збогува со националниот тим по Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...