Лејкерси можат да здивнат: Дончиќ се враќа наскоро

Проблемите на Лос Анџелес Лејкерс на надворешната линија ги наведоа дури и најоптимистичките фанови на тимот од Калифорнија значително да ги намалат своите очекувања кога станува збор за плејофот оваа сезона

Прегледи:

Датум:

Проблемите на Лос Анџелес Лејкерс на надворешната линија ги наведоа дури и најоптимистичките фанови на тимот од Калифорнија значително да ги намалат своите очекувања кога станува збор за плејофот оваа сезона. Тие никогаш не помислиле дека Лук Кенард може да игра на ова ниво (над 20 поени во просек во серијата), или дека на ДеАндре Ајтон сè уште може сериозно да се смета кога станува збор за натпреварите од плејофот. Може да се зборува за Леброн Џејмс и неговиот квалитет бесконечно, бидејќи гледањето човек како го влече тимот на овој начин и му дава дополнителна мотивација како што тоа го прави Леброн – навистина се граничи со научна фантастика. Тие силно притискаат против Рокетс, и покрај синоќешниот пораз сè уште имаат предност од 3:1, а добри вести доаѓаат и за останатите.

Враќањето на Остин Ривс е блиску, тој беше најчесто под знак прашалник за дуелите со Хјустон, додека процесот на закрепнување на Лука Дончиќ оди во вистинската насока според тренерот Џеј Џеј Редик.

„Порано, тој можеше само да стои и да шутира, а сега почна да се движи по теренот. Има видлив напредок, но сè уште е прерано да се предвиди кога точно ќе се врати во тимот.“, изјави тој.

Дончиќ е надвор од тимот од 2 април, а во меѓувреме замина во Европа, поточно во Мадрид, каде што доби специјални третмани со цел дополнително да се забрза процесот на закрепнување. Според докторот по спортска медицина Џеси Морс, сето погоре наведено укажува дека датумот на враќање е многу блиску – приближно, околу две недели.

Доколку нема резултатски притисок во серијата со Хјустон, постои поголема шанса франшизата од Лос Анџелес да ги зачува своите главни ѕвезди за следната, потенцијално екстремно исцрпувачка серија со Оклахома.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

УЕФА ја казни Црвена Звезда поради Ратко Младиќ

Српскиот шампион Црвена Звезда е казнета од УЕФА за...

Нов дебакл на ПСЖ: Ова не им се случило повеќе од 20 години

Фудбалерите на Монако направија голем пресврт во дербито од...

Модриќ ќе продолжи да игра за Хрватска

Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, ќе биде...

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...