Пелистер славеше во „Јане Сандански“ против актуелниот шампион

Прегледи:

Датум:

Кошаркарскиот клуб Пелистер славеше победа против МЗТ Скопје во СЦ „Јане Сандански“ со 85:74 (46:37) во последниот меч од 4. коло од ТОП 6 фазата од „МТЕЛ“ Супер лигата.

На коло пред крајот, Пелистер останува на третото место на табелата, а по овој пораз, актуелниот шампион останува на второто.

Гостите од Битола имаат одлична реализација во шутот за три поени (11/20, односно 55%), во која предначеше репрезентативниот бековски тандем, Стојановски-Митревски, потпомогнати од Дејвис и Џенкинс.

Дејвис заврши со 18 поени, седум скока и пет асистенции, Митревски имаше 17 поени, четири скока и три асистенции, Стојановски дојде до 16 поени, додека Џенкинс имаше учинок од 13 поени, шест скока и четири асистенции.

Во домашната екипа, која сега е на скор 21-5, доволен за втората стартна позиција во доигрувањето, Смит Мексвејн постигна 19 поени, а Танасковиќ уфрли 15 поени.

МТЕЛ“ СУПЕР ЛИГА-МАЖИ

ТОП 6

РЕЗУЛТАТИ 4. КОЛО

Тиквеш Голден Игл – Кожув 90:97
ТФТ – Маџари 85:82
МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер 74:85

ТАБЕЛА

1.ТФТ 26 22 4 2144:1923 48
2.МЗТ Скопје А 26 21 5 2086:1864 46
3.Пелистер 26 18 8 2371:2107 44
4.Маџари 26 14 12 2120:2086 40
5.Кожув 26 13 13 2180:2176 39
6.Тиквеш ГИ 26 11 15 2073:2107 37

ИДНО КОЛО

Пелистер – Тиквеш Голден Игл
Маџари – МЗТ Скопје Аеродром
Кожув – ТФТ

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...