Македонија го заврши учеството во квалификациите со висок пораз од Хрватска

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го затвори првиот квалификациски круг од натпреварите за пласман на Евробаскетот во 2027 година.

Прегледи:

Датум:

Женската сениорска репрезентација на Македонија со пораз го затвори првиот квалификациски круг од натпреварите за пласман на Евробаскетот во 2027 година.

Вечерва, во салата „Градски парк“, репрезентацијата на Хрватска победи со убедливи 53:91 (25:45).

По последното коло од првата фаза, Македонија завршува со ефект од една победа и пет порази, и како четврттопласирана во групата, го завршува натпреварувањето.

Во отсуство на Мерит Хемпе, Николиќ сосема добро ги искористи своите минути на теренот. Реализираше 16поени со три скока и пет асистенции. Селцова дојде до ефект од 13.поени. три скока и три асистенции, Стојановска финишираше со осум поени.

Со вечерашната победа во Скопје, Хрватска заврши како прва (ефект 4-2), Грција која денеска беше подобра од Данска, е втора (идентични 4-2), а понатаму, во втората натпреварувачка фаза во квалификациите за ЕП 2027, продолжуваат и кошаркарките на Данска (3-3).

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...