Македонија убедливо ја победи Австрија, Димитријевиќ запиша „трипл-дабл“

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја започна втората рунда од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година со триумф над Австрија со убедливи 90:59 (49:30)

Прегледи:

Датум:

Кошаркарската репрезентација на Македонија ја започна втората рунда од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 година со триумф над Австрија со убедливи 90:59 (49:30).

Избраниците на селекторот Хозе Марија Берокал одиграа одличен натпревар во Виена и во ниту еден момент не ја доведоа во прашање победата откако постојано имаа водство и само го надоградуваа во текот на мечот.

Ненад Димитријевиќ беше една од централните фигури во играта на македонската репрезентација. Новиот кошаркар на солунски Арис натпреварот го заврши со 15 поени, 14 скока и 10 асистенции, во уште едно комплетно издание во дресот на националниот тим.

Ефремовски реализираше 17 поени, додека Мозес Рајт натпреварот го заврши со 12 поени и 9 скока, на чекор до дабл-дабл учинок.

Следниот натпревар во претквалификациската група „Ф“ македонската репрезентација ќе го одигра на 26 ноември, кога на домашен терен ќе ја пречека селекцијата на Кипар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Прв отказ сезонава во Евролигата

Веќе го имаме првиот отказ на тренер во тим...

📽️ Мурињо збуни новинар пред натпреварот со Рома

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, одби да објасни...

Арбелоа казнет со 25.000 фунти за критикување на судиите

Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, е казнет со 25.000...

Шокантен пораз за Сабаленкa во 2. коло на турнирот во Вухан

Арина Сабаленко претрпе шокантен пораз во второто коло на...