Алварез се врати на тренинзите на Атлетико, неговата иднина во клубот е сè уште неизвесна

Хулијан Алварез се врати на тренинзите на Атлетико Мадрид, па трансферот во Барселона речиси сигурно ќе заврши безуспешно. Аргентинскиот напаѓач денес работеше со остатокот од тимот во тренинг центарот во Мадрид

Прегледи:

Датум:

Хулијан Алварез се врати на тренинзите на Атлетико Мадрид, па трансферот во Барселона речиси сигурно ќе заврши безуспешно. Аргентинскиот напаѓач денес работеше со остатокот од тимот во тренинг центарот во Мадрид.

Алварез сакаше да го напушти Атлетико по секоја цена ова лето, и ја посочи Барселона како своја преферирана дестинација. Сепак, челниците на „јорганџиите“ не сакаа да ја разгледаат можноста за продажба на Аргентинецот.

Управниот одбор на Атлетико едногласно ја поддржа одлуката да не се преговара со Барселона.

Сепак, можеби на крајот од преодниот рок, Аргентинецот ќе го напушти клубот, но ќе оди на Островот – во редовите на Арсенал. Според англиските медиуми, англискиот шампион е подготвен да плати 150 милиони отштета.

Трансферниот рок во Ла Лига се затвора во вторник.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Рилски посегна по најдобриот адут на ТФТ: Секу Сила заминува од Тафталиџе

ТФТ ќе мора да бара ново решение под кошевите....

Лазаров останува во Европа: Алкалоид загуби во Велење, но го исполни планот

Алкалоид ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп,...

🎥 Рома не се предава, Мален и Суле ја доближија „волчицата“ до Лацио

Римските клубови продолжуваат да го диктираат темпото во Серија...

🎬 Реал загуби, Барса казни: пет гола на „Риазор“ за цврсто лидерско место

Барселона ја искористи шансата што ѝ се отвори по...