МекДениелс: Вембањама е најдобриот дефанзивец против кого сум играл

Џејден МекДениелс од Минесота Тимбервулвс имаше само пофалби за ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, по нивната плејоф серија на Западот

Прегледи:

Датум:

Џејден МекДениелс од Минесота Тимбервулвс имаше само пофалби за ѕвездата на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембањама, по нивната плејоф серија на Западот.

Сан Антонио ја елиминираше Минесота со 4-2 во полуфиналето на Западната конференција, а МекДениелс особено ги истакна дефанзивните квалитети на францускиот центар.

„Веројатно би рекол дека беа одлични. Вемби е веројатно најдобриот дефанзивец против кого сум играл. Тој е толку висок и има толку голем распон на рацете што е многу тешко да се стигне до обрачот“, рече МекДениелс.

На неговите зборови им се дава посебна тежина поради фактот што самиот тој се смета за еден од најдобрите дефанзивци во НБА.

„Тој е најдобриот дефанзивец против кого сум играл. Секоја чест за него“, додаде крилниот напаѓач на Минесота за официјално најдобриот дефанзивен играч во НБА оваа сезона.

Виктор Вембањама и Сан Антонио Спарс сега се соочуваат со нов предизвик, бидејќи во финалето на Западната конференција ќе се соочат со Оклахома Сити, најдобриот тим на Западот во регуларната сезона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...