Обрадовиќ: Мора да направиме апсолутно сè што е во наша моќ за да ја заштитиме европската кошарка

Најуспешниот европски тренер Жељко Обадовиќ зборуваше за горливиот проблем во европската кошарка, а тоа е заминувањето на голем број млади таленти на колеџ

Прегледи:

Датум:

Најуспешниот европски тренер Жељко Обадовиќ зборуваше за горливиот проблем во европската кошарка, а тоа е заминувањето на голем број млади таленти на американски колеџи.

Белград ќе биде домаќин на симпозиум кој ќе се занимава со огромното заминување на млади играчи од Европа во САД, каде што тие стануваат членови на американската НЦАА лига за сериозни пари.

„Симпозиумот е одлична идеја бидејќи ќе вклучи многу луѓе во процесот на наоѓање најдобро можно решение за да се спречи заминувањето на играчите во колеџ кошарката. Нека биде тоа првиот чекор кон конечно решение, а треба да се земат предвид и решенијата усвоени во светот на фудбалот. Треба да разговараме со овие луѓе и да видиме како го решиле овој проблем“, рече Жељко Обрадовиќ.

Српскиот тренер смета дека секој треба да направи сè што е во негова моќ за да го подобри имиџот, што би им помогнало на повеќе млади луѓе да останат во европската кошарка.

„Сите мора да направиме апсолутно сè што е во наша моќ за да ја заштитиме европската кошарка. Особено инсистирам на инвестирање во млади тренери и стимулации за луѓето кои работат со млади играчи. Второ – да се работи на правилник што би ги заштитил клубовите и асоцијациите во ситуации кога млад играч ќе добие фантастична понуда. Практично е невозможно да се спротистави на клубови со такви понуди.“, порача Обрадовиќ, цитиран од Б92.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...