Пелистер убедлив против ТФТ на гостински терен

Екипата на Пелистер поведе со 1-0 против ТФТ во борбата за третото место во финалниот поредок од натпреварувачката сезона 2025/2026 во „МТЕЛ“ Супер лигата, откако беше многу подобар ривал.

Прегледи:

Датум:

Екипата на Пелистер поведе со 1-0 против ТФТ во борбата за третото место во финалниот поредок од натпреварувачката сезона 2025/2026 во „МТЕЛ“ Супер лигата, откако беше многу подобар ривал.

Во првиот меч на гостински терен „зелено-белите“ подобри од ТФТ со убедливи 109:87 (57:48).

Пелистер беше подобар противник во најголем дел од натпреварот и од самиот старт, по десет минути од играта имаше високо водство (30:20), а на пауза замина со +9.

Во второто полувреме најмногу што домашниот тим направи во овој меч е моментот кога се доближи на четири разлика 72:68, но тоа е најмногу што успеаја да направат.

Битолчани продолжија со ефикасната игра, и по три одиграни периоди имаа уште повисока позитива 84:71.

Ленгстон Вилсон со 27 поени беше најефикасен играч на овој прв меч од серијата, која за неколку дена се сели во Битола. Џенкинс додаде еден помалку, Малешевиќ имаше 24, а Дејвис уште 19.поени.

Кај поразениот состав Гордон се истакна со 21 поен, Ташовски имаше 16, а Зафиров и Самервил додадоа по 15 коша.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...