Реал Мадрид привлече двократен шампион на НБА!

Реал Мадрид официјално потврди големо засилување под кошот, Дамијан Џонс стана новиот кошаркар на шпанскиот гигант

Прегледи:

Датум:

Реал Мадрид официјално потврди големо засилување под кошот, Дамијан Џонс стана новиот кошаркар на шпанскиот гигант. Американскиот центар потпиша договор со мадридскиот тим кој ќе важи до крајот на сезоната 2026/27, објави клубот.

Џонс пристигнува во Мадрид со сериозно искуство во НБА, а во својата биографија има и два шампионски прстени. Со Голден Стејт Вориорс ја освои НБА лигата во 2017 и 2018 година, додека во текот на кариерата во најсилната лига во светот одигра вкупно 293 натпревари.

Покрај Голден Стејт, американскиот центар ги бранеше боите на Атланта Хокс, Сакраменто Кингс, Финикс Санс, Лос Анџелес Лејкерс, Јута Џез и Кливленд Кавалирс, па во европската кошарка доаѓа со богато искуство стекнато во НБА лигата.

Пред да се приклучи на Реал Мадрид, Дамијан Џонс играше за Вакерос де Бајамон, со кого штотуку ја освои шампионската титула во Порторико. По уште еден трофеј во кариерата, 31-годишниот центар се сели во Европа и се приклучува на еден од најголемите клубови на континентот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Прв отказ сезонава во Евролигата

Веќе го имаме првиот отказ на тренер во тим...

📽️ Мурињо збуни новинар пред натпреварот со Рома

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, одби да објасни...

Арбелоа казнет со 25.000 фунти за критикување на судиите

Менаџерот на Фулам, Алваро Арбелоа, е казнет со 25.000...

Шокантен пораз за Сабаленкa во 2. коло на турнирот во Вухан

Арина Сабаленко претрпе шокантен пораз во второто коло на...