Олимпијакос остро го нападна поранешниот играч Мустафа Фал

Грчкиот кошаркарски тим Олимпијакос реагираше на тврдењата дека поранешниот центар на тимот, Мустафа Фол, во иднина ќе игра за грчката репрезентација

Прегледи:

Датум:

Грчкиот кошаркарски тим Олимпијакос реагираше на тврдењата дека поранешниот центар на тимот, Мустафа Фал, во иднина ќе игра за грчката репрезентација.

„Бевме изненадени кога прочитавме публикација во која се наведува дека нашиот поранешен играч и сегашен играч на Панатинаикос, Мустафа Фал, лажно изјавил во официјален документ до јавен орган дека ќе се натпреварува за грчката репрезентација со цел да го забрза процесот на издавање на неговиот грчки пасош“, напиша Олимпијакос во соопштение, повикувајќи ги надлежните служби во земјата да се справат со случајот.

Триесет и четири-годишниот француски центар Фал потпиша со Панатинаикос ова лето. Доколку кошаркарот добие грчко државјанство, ова би бил голем бонус за неговиот нов клуб, особено за домашните натпреварувања, каде што правилата им даваат предност на грчките играчи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Рилски посегна по најдобриот адут на ТФТ: Секу Сила заминува од Тафталиџе

ТФТ ќе мора да бара ново решение под кошевите....

Лазаров останува во Европа: Алкалоид загуби во Велење, но го исполни планот

Алкалоид ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп,...

🎥 Рома не се предава, Мален и Суле ја доближија „волчицата“ до Лацио

Римските клубови продолжуваат да го диктираат темпото во Серија...

🎬 Реал загуби, Барса казни: пет гола на „Риазор“ за цврсто лидерско место

Барселона ја искористи шансата што ѝ се отвори по...