Скариоло лут на судиите: Апсолутно без зборови, подобро е да се молчи

Тренерот на Реал Мадрид, Серхио Скариоло, беше видливо лут на судиите по натпреварот со Жалгирис во 32-то коло од Евролигата

Прегледи:

Датум:

Тренерот на Реал Мадрид, Серхио Скариоло, беше видливо лут на судиите по натпреварот со Жалгирис во 32-то коло од Евролигата, но свесен за последиците, не сакаше премногу да коментира за контроверзната ситуација на самиот крај од натпреварот во Каунас во кој мадридскиот тим беше поразен со 87:85, благодарение на слободните фрлања на Силван Франциско во последната секунда.

„Прво, му честитам на Жалгирис. Беше израмнет натпревар, водевме со четири разлика на неколку минути пред крајот, промашивме три отворени шутеви и еден леј-ап. Не бевме прецизни во одлучувачките напади“, рече Скариола.

Потоа се осврна на одлуката на судијата да досуди прекршок врз Франциско.

„Апсолутно без зборови. Подобро е да молчиме. Тимот се бореше, повредени сме бидејќи вложивме ист напор и игравме со иста ефикасност како противникот, но тие беа малку подобри во последните неколку напади. Затоа, честитки до нив и се свртуваме кон следниот натпревар“, рече Скариоло.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...