Солени казни за Црвена звезда и Партизан од Евролигата!

Кошаркарските клубови Црвена звезда и Партизан се казнети од Евролигата за инциденти во „вечното“ дерби.

Прегледи:

Датум:

Кошаркарските клубови Црвена звезда и Партизан се казнети од Евролигата за инциденти во „вечното“ дерби.

„Црвено-белите“ ќе го играат својот прв натпревар од Евролигата со намален капацитет за 20 проценти поради настаните во „вечното“ дерби, како дел од 35-тото коло.

Клубот ќе мора да плати и казна од 50.000 евра.

Црвена звезда беше казнета и во дуелот со Париз за употреба на ласер и ќе мора да плати 10.000 евра за тој прекршок.

Партизан беше казнет со 38.000 евра и ќе мора да го игра следниот натпревар без присуство на гостински навивачи, поради неколку инциденти што ги предизвикаа.

„Црвена звезда Белград е казнета со 50.000 евра и ќе игра еден натпревар со намален капацитет од 80%, вклучувајќи го и затворањето на одредени сектори, поради повеќекратни инциденти предизвикани од нејзините навивачи на натпреварот против Партизан, во согласност со членовите 29.1.g) и 29.2.e) од Дисциплинските правила на Евролигата.

Партизан Белград е казнет со 38.000 евра и ќе го игра следниот натпревар без присуство на гостински навивачи, поради повеќекратни инциденти предизвикани од нејзините навивачи на натпреварот против Црвена везда Белград, во согласност со членовите 29.1.g) и 29.2.e) од Дисциплинските правила на Евролигата.

Црвена звезда Белград е казнета со 10.000 евра за употреба на ласерски покажувачи на натпреварот против Париз, во согласност со член 29.2.e) од Дисциплинските правила на Евролигата“, се вели во соопштението на Евролигата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...