ТФТ ќе игра за место во АБА лигата

ТФТ ја совлада Сутјеска со 90:77 (50:34) и со максимални 2-0 ја затвори серијата во полуфиналето на плеј-офот од АБА 2 лигата.

Прегледи:

Датум:

ТФТ ја совлада Сутјеска со 90:77 (50:34) и со максимални 2-0 ја затвори серијата во полуфиналето на плеј-офот од АБА 2 лигата.

Скопскиот тим постојано водеше и во ниеден момент не го доведе во прашање победникот, иако црногорскиот тим на неколку наврати ја намалуваше предноста.

Дејвис заврши со 23 поени и девет скока, Ташовски имаше ефект од 19 поени, осум скока и четири додавања. Гордон придонесе со 17поени и осум скока. Говенс, исто така, застана на бројката од 17, плус шест асистенции и три скока.

Тимот од Тафталиџе оствари историски пласман во големото финале на АБА 2 лигата и ќе излезе на „мегдан“ против екипата на Широки.

Ден порано, тимот од БиХ ги елиминираше словенечкиот Хелиос, исто така во само два одиграни натпревари. ТФТ нема да ја има предноста на домашниот терен.

Првиот меч е на 29.април, на теренот на противникот, во Широки.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...