ТФТ и МЗТ со победи во втората фаза од домашното првенство

ТФТ и Тиквеш Голден Игл го одиграа првиот натпревар од вторат фаза од македонското кошаркарсо првенство во која шест екипи ќе се борат за четири места кои водат во полуфиналето на плеј-офот.

Прегледи:

Датум:

ТФТ и Тиквеш Голден Игл го одиграа првиот натпревар од вторат фаза од македонското кошаркарсо првенство во која шест екипи ќе се борат за четири места кои водат во полуфиналето на плеј-офот.

Кавадарчани беа подобри во првото полувреме, но скопјани имаа подобри втори 20.минути во кои направија пресврт и победија со 80:74.

Тие ја одбранија улогата на фаворит и првото место на табелата во првиот дел од сезоната од „МТЕЛ“ Супер лигата.

Зафиров заврши со 20 поени, шест скока и две асистенции, додека Годон имаше 17 поени. Кај Тиквеш Голден Игл, Хоукинс застана на 20 поени.

Актуелниот бранител на титулата, МЗТ Скопје Аеродром ја продолжува трката за првата позиција на табелата во „МТЕЛ“ Супер лигата, откако во премиерниот меч од ТП 6 фазата беше подобар од гевгелиски Кожув со 84:75.

Тимот од Гевгелија уште еднаш се покажа како незгоден ривал за шампионот кој на крајот, ја оствари целта. Но до двата бода дојде со подобра завршница, односно подобро одработени, нешто повеќе од три последни минути од мечот во СЦ „Јане Сандански“.

Дамјан Стојановски и Танасковиќ го предводеа првакот кон овој успех – реализираа по 21.поен. На враќањето во тимот, Војдан Стојановски забележа 15 поени, четири скока и три асистенции.

Кај гостинот, Боувен направи „дабл-дабл“ од 24 поени и 14 скока.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...