Нов пораз на македонските тенисерки во БЏК купот

Женската тениска репрезентација на Македонија со пораз од 2:0 од Австрија го заврши настапот во годинашново издание од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се играше во Бања Лука

Прегледи:

Датум:

Женската тениска репрезентација на Македонија со пораз од 2:0 од Австрија го заврши настапот во годинашново издание од Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг купот што се играше во Бања Лука. Ова беше дуел за пласман откако двете репрезентации по натпреварите во групи го загубија пласманот во оваа зона и следната година ќе настапуваат во Третата Европска зона од БЏК купот.

Во двата сингла меча за македонскиот тим настапија Ана Митевска и Сара Митевска. Во првиот меч Ана загуби со 2:0 во сетови (6:2 и 6:1) од Клаудија Гаспаровиќ, додека во вториот меч Екатерина Перелигина ја победи Сара Митевска со 2:0 во сетови (6:2 и 6:4). Мечот во двојки не се играше.

Мечевите се играа во Бања Лука, а македонскиот тим беше најмладиот во конкуренција на десет репрезентации.

Пласман во Прва зона избори Бугарија која води против Кипар со 2:0, додека Грција има водство против Јужна Африка со 1:0. За опстанок во Втората зона играат: Финска – Египет и Мароко – БиХ, поразените репрезентации заедно со Македонија и Австрија на напуштаат Втората Евро-африканска зона.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...