Трејдот на Јанис главна тема во НБА деновиве: Може да му стане соиграч на Кари!?

Прегледи:

Датум:

Меѓу главните теми овие денови во НБА е заситеноста во односот Јанис Антетокумпо – Милвоки Бакс, а сè поизвесно е дека Гркот со нигериски корени ќе ја напушти франшизата. Прашањето е едно – каде.

Брет Сигел, „инсајдер“ на веб-страницата „Клачпоинтс“, истакна дека има информации дека 31-годишникот роден во Атина е на чекор од преселба во Сан Франциско.

„Воините“ се посветени на трејдот на Јанис. Ако размената се случи сега, тој ќе се пресели во Голден Стејт. Сепак, не очекувам ништо пред среда навечер“, нагласи Сигел.

Голден Стејт наводно е подготвен да се откаже од Дрејмонд Грин, Брендон Подзиемски, Џонатан Каминг и Мозес Муди, заедно со пет избори на драфтот, само за да го доведат „greek freak“ во своите редови.

Крајниот рок за размена ќе биде во четврток, а јасно е дека Антетокумпо е протагонистот на овој преоден рок.

Фото: Јутјуб.Принтскрин/Milwaukee Bucks

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...