Василевски ќе го носи дресот на МЗТ Скопје

Поранешниот младински репрезентативец Никола Василевски е нов кошаркар на МЗТ Скопје, екипа за која веќе настапуваше во минатото

Прегледи:

Датум:

Поранешниот младински репрезентативец Никола Василевски е нов кошаркар на МЗТ Скопје, екипа за која веќе настапуваше во минатото.

Дваерсет и три годишниот бек, висок 190 сантиметри, зад себе веќе има и настапи за сениорската репрезентација на Македонија. Минатата сезона ги бранеше боите на Кожув, а претходно настапуваше за ТФТ и за босанскиот Промо.

Пред пет години беше дел од вториот тим на „металците“ – МЗТ Скопје Уни Банка.

„Со враќањето на Никола продолжуваме да го градиме тимот со квалитетни македонски кошаркари, кои добро го познаваат клупскиот систем и знаат што значи да се носи сино-белиот дрес“, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....