Вембањама се врати, Спарс направија историски камбек

Сан Антонио Спарс го преживеаја најлошото во Портланд, чекаа 24 минути, а потоа целосно ги уништија противниците. Во четвртиот натпревар од првото коло од плејофот, Спарс ги победија Треилблејзерс со 114:93, иако во еден момент губеа со 19 поени, па сега водат во серијата со 3-1 и имаат шанса да ја завршат работата пред своите навивачи

Прегледи:

Датум:

Сан Антонио Спарс го преживеаја најлошото во Портланд, чекаа 24 минути, а потоа целосно ги уништија противниците. Во четвртиот натпревар од првото коло од плејофот, Спарс ги победија Треилблејзерс со 114:93, иако во еден момент губеа со 19 поени, па сега водат во серијата со 3-1 и имаат шанса да ја завршат работата пред своите навивачи.

Виктор Вембањама се врати откако го пропушти третиот натпревар поради протокол за потрес на мозокот и веднаш покажа колку ја менува целата слика на Сан Антонио. Французинот го заврши натпреварот со 27 поени, 11 скока и 7 блокади, додека Дирон Фокс го одигра најдобриот натпревар во серијата со 28 поени, 7 асистенции, 6 скока и 11/17 од поле. Стефон Касл додаде 16 поени и 8 асистенции.

За Портланд, Холидеј заврши со 20 поени и беше еден од ретките играчи кои имаа вистинска конзистентност, но тоа не беше доволно. Блејзерси шутираа само 40% од поле, а Донаван Клинген имаше тежок натпревар, шутирајќи 2/10 од поле и 1/6 за тројки.

Она што Портланд го изгради во првото полувреме исчезна за само неколку минути од третата четвртина.

Сан Антонио сега си оди дома со водство од 3-1 и јасно чувство дека ја презеде целосната контрола врз серијата. Петтиот натпревар се игра во вторник навечер во Сан Антонио, каде што Спарси имаат шанса да го запечатат своето место во втората рунда пред своите домашни навивачи. Портланд, од друга страна, нема повеќе простор за калкулации. За Блејзерси, секој натпревар потоа е прашање на опстанок.

Во другите натпревари од денот, Торонто го врати резултатскиот баланс против Кливленд, Бостон ја победи Филаделфија, а Хјустон конечно славеше против Лејкерси.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Хамилтон загрижен пред Монца: Ферари сè уште губи многу на правците

Луис Хамилтон верува дека Ферари направил чекор напред со...

КК Маџари се ребрендира во КК СКОПЈЕ

КК Маџари го промени името во КК СКОПЈЕ, соопштија...

Шампионот на Отвореното првенство на САД лесно се пласира во осминафиналето

Карлос Алкараз продолжува со одбраната на титулата на Отвореното...

Мурињо по поразот на Реал: Бетис играше за реми, но имаше среќа и победи

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, го коментираше поразот...