Ѕвездата на Жалгирис: Не размислувам за Барселона, сакам да се пласираме во Фајнал фор

Силвен Франциско по големата победа над Олимпијакос нагласи дека не е заинтересиран за гласиниге за можен трансфер

Прегледи:

Датум:

Жалгирис се бори со сите сили за плејофот од Евролигата, и нема сомнение дека Силвен Франциско е срцето и душата на овој тим.

Французинот е еден од најдобрите играчи во елитното натпреварување оваа сезона и ја демонстрираше својата класа во синоќешната голема победа на тимот од Каунас над Олимпијакос – 99:94. Организаторот на играта забележа учинок од 23 поени, седум асистенции, две украдени топки и четири изгубени топки против „црвено-белите“, и со тоа, заедно со Најџел Вилијамс Гос, беше предводник на литванскиот гигант.

Сепак, неодамна, шпанскиот „Мундо Депортиво“ објави информација дека Франциско има некаков прелиминарен договор со Барселона за следната сезона, но Французинот јасно стави до знаење по големата победа над тимот од Пиреја дека не е заинтересиран за никакви гласини додека трае сезоната.

„Без разлика што, јас останувам фокусиран, останатото не е важно. Секако, има многу понуди, но јас сум имам контрола. Ќе му го препуштам тоа на менаџерот, а јас ќе се фокусирам на кошарката“, рече бекот на Жалгирис.

Франциско изгледа доста посветен на играњето за клубот од Каунас, додека неговите амбиции се секако големи.

„Воопшто не сум оптоварен со тоа. Сè оди добро и моите најважни цели со тимот се да играм во плејофот и да стигнам до Фајнал фор на Евролигата, тоа е сè. Се обидувам да бидам јасен, бидејќи беше лудо. Се разбудив и сите велеа дека сум потпишал за Барселона. Мојата реакција беше – Што?“, истакна Франциско.

Можеби Французинот сакаше да го симне притисокот од себе, да ги смири страстите, како и тимот. Сепак, јасно е дека одличниот плејмејкер во моментов е еден од најбараните, ако не и најбараниот играч во Европа, и дека ќе има многу контроверзии околу неговиот иден ангажман.

Неговите бројки – 17,1 поен, 3,1 скока и 6,6 асистенции по натпревар го ставаат меѓу најпродуктивните играчи во Евролигата и ќе биде одлично дополнување за секој тим следната сезона. Секако, под услов да не остане во Жалгирис, што е малку веројатно да се случи.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...