🎥Дончиќ за новата техничка: Ми рече на српски „ќе ти ја е*ам целата фамилија“

Лука Дончиќ ја доби својата 16-та техничка грешка оваа сезона на натпреварот против Орландо Меџик, а ако не се поништи, тоа автоматски значи дека ќе го пропушти следниот натпревар во НБА

Прегледи:

Датум:

Лука Дончиќ ја доби својата 16-та техничка грешка оваа сезона на натпреварот против Орландо Меџик, а ако не се поништи, тоа автоматски значи дека ќе го пропушти следниот натпревар во НБА.

Причината е конфликт со Гога Битадзе кој долго време игра за тимот од Флорида. Двајцата влегоа во жестока расправија, а таа беше на српски, ни помалку ни повеќе.

„Го разочарав тимот, но не можев да се воздржам. Додека бев на линијата за шутирање, Битадзе ми рече „ќе ти ја е*ам целата фамилија“. Ова е кошаркарски терен, но има некои работи преку кои не може да се надмине. Морав да се одбранам, но знам дека можам подобро од ова“.

Кога го прашаа на кој јазик Битадзе му го кажа тоа, Лука одговори: „На српски“.

Битадзе го обвини Дончиќ дека цело време го провоцирал, исто така на српски, и дека само се спротивставил.

„Го почитувам Лука и сè што направил. Никогаш не би го рекол тоа за неговото семејство, бидејќи од каде што доаѓам, семејството е многу ценето. Тој беше првиот што кажа нешто за мојата мајка, а јас му вратив истото. Тоа беше тоа.“

Лејкерси објавија дека ќе поднесат жалба на одлуката на судијата, за да може нивниот најдобар играч да игра во следниот натпревар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...