Мартин Томовски бележи одлчичен старт со Битигхајм во Опел Бундеслигата! Македонскиот голман е на второто место меѓу голманите со најмногу одбрани по досегшните одиграни натпревари.
Томовски досега оваа сезона има одбрано 96 топки, а единствениот пред него е Давид Шпет од Рајн Некар Левен, кој има над 100 одбрани.
Томовски (29) ја игра својата петта сезона во Германија. Во првата фаза од својата кариера, играше две сезони во Лудвигсхафен, имаше сезона во Потсдам, а ова му е втора сезона во Битигхајм.
Иако неколку македонски клубови го посакуваа, поранешниот член на Вардар и Металург остана цврст во својата одлука да остане во најдобрата лига во светот.



