Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски летово ќе игра во Кувајт клуб, каде ќе помине еден месец и ќе настапи во Азиската Лига на шампиони.
Кузмановски ќе биде четвртото странско засилување за овој турнир.
Кувајт Клуб ќе настапува во група со Ал Араби од Катар, Ал Наџма од Бахреин и Ал Калиџ од Саудиска Арабија, а победникот ќе обезбеди пласман на Светското клупско првенство.


