Кадетски репрезентативец потпиша со Вардар: „Ова е сон на секој млад ракометар“

Кадетскиот репрезентативец Марко Ѓорчески во иднина ќе го носи дресот на РК Вардар 1961 и ќе му се приклучи на првиот тим

Прегледи:

Датум:

Кадетскиот репрезентативец Марко Ѓорчески во иднина ќе го носи дресот на РК Вардар 1961 и ќе му се приклучи на првиот тим.
Ѓорчески настапува на левата бековска позиција и ги покрива централните позиции во одбраната. Тој е дел од кадетската репрезентација на Македонија и беше еден од најдобрите играчи во генерацијата која го освои училишното првенство кое неодамна се одржа во земјава.
Својата кариера ја започна во академија Алушовски, а потоа беше дел од Металург, Скопје, Голден Арт и Пролет.
„За мене е особена чест и задоволство што станав дел од РК Вардар. Ова е сон на секој млад ракометар. Вардар е голем клуб со богата традиција и високи амбиции. Ќе дадам се од себе за да ја оправдам довербата на клубот, тренерите и навивачите. Со нетрпение го очекувам стартот на новата сезона, за мој максимален придонес за успесите на тимот”- изјави Ѓорчески.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...