Алушовски по ремито со ПСЖ: Загрижен сум за ситуацијата со Граховац, Кузмановски играше со температура од 39!

На тимот на Стевче Алушовски му тргна на почетокот на 2026 година, а по бод во Данска, следеше нерешено со фаворитите од Париз

Прегледи:

Датум:

Екипата на Еурофарм Пелистер ги заврши домашните натпревари во Лигата на шампионите со голем бод против ПСЖ (34:34). На тимот на Стевче Алушовски му тргна на почетокот на 2026 година, а по бод во Данска, следеше нерешено со фаворитите од Париз.

Ова секако претставува добра претходница за дербито со Вардар.

„Ова беше феноменален натпревар. Можам само да им честитам на ракометарите. Покажавме одличен карактер и кога губевме со два гола разлика само минута и пол до крајот, верувавме во себе и се вративме. Бевме нервозни на почетокот, правевме грешки, кои според мене не се грешки туку глупави работи, но кога играте против ПСЖ и во ваква атмосфера, нормално е да нема фокус. Сепак, мислам дека тимот расте од ден на ден, почнуваме да веруваме во она што го правиме и во нашиот систем. Голема благодарност до битолчани, беше задоволство да го водам овој тим од клупата“, рече тренерот, кој потоа го пофали капитенот Кузмановски.

„Имаме квалитет, загрижен сум за ситуацијата со новото засилување Граховац. Тој е клучен ракометар во ротацијата. Вечерва Филип Кузмановски играше со треска, во текот на денот имаше 39 температура. Ќе видиме утре каква ќе биде ситуацијата, бидејќи нè очекуваат важни натпревари во Купот на Македонија“, рече Алушовски.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...