Кузмановски ќе заигра за Кувајт Сити

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски ќе настапи за екипата на Кувајт Сити на Азиската Лига на шампиони за клубови, која годинава ќе се одржи во периодот од 6 до 15 јуни

Прегледи:

Датум:

Капитенот на македонската ракометна репрезентација, Филип Кузмановски ќе настапи за екипата на Кувајт Сити на Азиската Лига на шампиони за клубови, која годинава ќе се одржи во периодот од 6 до 15 јуни.

Според „Arab Times Online“ „Белите“ веќе располагаат со силен странски состав, меѓу кои се Катарецот Франкис Марцо, Црногорецот Владан Липовина и португалскиот репрезентативец Виктор Итуриза. Португалскиот играч Анхел Ернандез, кој моментално е позајмен во саудиската лига, исто така би можел да се врати за да се придружи на тимот доколку е потребно.

Кувајт сити е во групата Б заедно со Ал-Најма (Бахреин), Ал-Калејџ (Саудиска Арабија) и Ал-Араби (Катар) — група која важи за една од најсилните на турнирот.

Кузмановски, сепак, сè уште нема го продолжено договорот со Пелистер, каде што е капитен и еден од клучните играчи во тимот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...