Лазаров: Имаме почит кон Словачка, нема да биде лесно

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска се собра пред претстојните бараж дуели против Словачка за пласман на Светското првенство 2027.

Прегледи:

Датум:

Машката сениорска репрезентација на Македонија денеска се собра пред претстојните бараж дуели против Словачка за пласман на Светското првенство 2027.

Првиот натпревар ќе се одигра на 14 мај во 19:00 часот во Прешов, Словачка, додека реванш бараж натпреварот ќе се одигра на 17 мај во 19:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје.

На собирот присуствуваше и претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Александар Стефанов, кој ги поздрави репрезентативците и стручниот штаб, посакувајќи им многу среќа и успешен настап во претстојните бараж натпревари.

Селекторот Кирил Лазаров, изјави дека без разлика на противникот, ова се одлучувачки натпревари, и дека се играат под голем притисок поради важноста на истиот.

„Имаме почит кон селекцијата на Словачка, која што подолг период функционира заедно со еден селектор, што доаѓа од земја која што дава најдобри тренери во сите спортови, воопшто, од Шпанија. Имаат изграден добар систем, немаат поединци, кои се истакнуваат, туку играат тимски, системски. Имаме голема почит, нема да биде лесно, тоа сме свесни“, изјави селекторот.

Смета дека треба да се научат лекциите од минатиот бараж за Мундијалот, против Фарски острови, особено на гостински терен.

„Секој гол е важен, треба да бидеме максимално одговорни, дисциплинирани, да имаме добар ритам, концентрација во сите шеесет минути. Татран Прешов го одбраа местото за домаќин, позната ракомента мека, што се однесува за Словачка. Публиката таму го познава ракометот, знае да направи атмосфера. Треба да зборуваме доста и на таа тема, сигурно ќе биде полна сала“, порача Лазаров на денешниот собир.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тиаго: Да го претставувам Бразил е најголемото достигнување во мојот живот

Напаѓачот на Бразил и Брентфорд, Игор Тиаго, одржа прес-конференција...

Дамфрис ги помина медицинските прегледи за трансфер во Реал Мадрид

Реал Мадрид денес официјално го извести Интер Милан дека...

Дешан за критиките кон Мбапе: „Разговаравме…“

Францускиот капитен Килијан Мбапе е во врвна форма, и...

Мурињо ја информирал Управата: Три ѕвезди мора да бараат нов клуб

Жозе Мурињо ги направи првите решителни чекори откако се...