Пелистер загуби со 20 гола разлика од Барселона на последниот меч од Лигата на шампионите

Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија со 47-27 (24-15) од Барселона синоќа во „Палау Блауграна“ во последниот дуел во ракометната Лига на шампиони за битолчани оваа сезона

Прегледи:

Датум:

Ракометарите на Еурофарм Пелистер загубија со 47-27 (24-15) од Барселона синоќа во „Палау Блауграна“ во последниот дуел во ракометната Лига на шампиони за битолчани оваа сезона.

Каталонскиот гигант наметна темпо од самиот старт во ситуација кога бркаше заверка на првото место, а на крајот запиша и повеќе од убедлива победа изразена со огромна разлика.

Тимот на Стевче Алушовски остана без сили да се надигрува со моќниот тим кој и оваа сезона аспирира за титула, па во такви услови, прашањето околу победникот беше решено уште во првите триесет минути.

Најефикасен играч на мечот беше Адриан Сола со седум реализации. Кај Еурофарм Пелистер головите беа добро распоредени, Алушовски им даде шанса на сите играчи, а со по три гола завршија Манасков, Видомски, Ристевски, Граховац, Хенигман, Кузмановски и Петар Атанасијевиќ.

Пелистер сега силите ги насочува кон домашната Суперлига и Ф4 во македонскиот КУП, откако од претходно ги загубија шансите за место во плеј-офот во најелитното ракометно натпреварување.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...

Фјури го пофали Дубоа па го предупреди Џошуа: Истото те очекува и на 11 декември

Тајсон Фјури ја искористи победата на Даниел Дубоа над...