Воркапиќ и официјално нов ракометар на Вардар

Ракометниот клуб Вардар ја потврди официјалната соработка со српскиот ракометар Вукашин Воркапиќ кој сега е дел од екипата на позицијата десно крило

Прегледи:

Датум:

Ракометниот клуб Вардар ја потврди официјалната соработка со српскиот ракометар Вукашин Воркапиќ кој сега е дел од екипата на позицијата десно крило. Тој се обврза на клупска верност до крајот на натпреварувачката 2027/2028 сезона.

Воркапиќ (28), роден во Белград, е искусно десно крило и член на српската репрезентација, со богата кариера во европски ракомет. Пред доаѓањето во Вардар, тој играше за Војводина, каде беше еден од клучните ракометари, настапувајќи во домашниот шампионат, Куп натпреварите и во ЕХФ Лигата на Европа.

Во својата кариера, Воркапиќ го носеше и дресот на Металопластика од Шабац како и во францускиот тим Иври, стекнувајќи значително искуство на високо ниво.

Тој е и репрезентативец на Србија со настапи на Светски првенства, каде што со националниот тим ја претставуваше земјата на највисоко ниво на меѓународна сцена. Беше дел и од последното ЕП во Данска каде постигна 6 гола од 7 упатени шута.

„Со нетрпение го очекуваме неговиот придонес во продолжението од сезоната и во европските предизвици!“, соопштија од клубот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...