„Рајанер“ повторно блеска: Го „истролаа“ Роналдо по елиминацијата од Светското првенство

Фудбалската репрезентација на Португалија го заврши својот настап на Светското првенство синоќа со пораз од Шпанија (0:1) во осминафиналето.

Прегледи:

Датум:

Фудбалската репрезентација на Португалија го заврши својот настап на Светското првенство синоќа со пораз од Шпанија (0:1) во осминафиналето.

Ова беше последниот натпревар на Светското првенство за првата ѕвезда на тимот, Кристијано Роналдо (41), и сигурно е дека Португалецот ќе се збогува со дресот на репрезентацијата.

Роналдо нема добро да го памети ниту ова Светско првенство, со оглед на тоа што постигна само два гола против Узбекистан и еден против Хрватска, што го остави далеку зад водечките стрелци на турнирот.

Додека Лео Меси, Килијан Мбапе и Ерлинг Халанд моментално доминираат на листата на најдобри стрелци со по седум гола, Роналдо се враќа дома без значајна трага.

Оваа информација ја искористи авиокомпанијата „Рајанер“, позната по своите хумористични и често саркастични објави на социјалните мрежи.

„Рајанер“ објави провокативен статус во кој сурово го „спуштија“ Роналдо по испаѓањето, сугерирајќи дека е време тој да си замине, што предизвика лавина од коментари низ целиот свет.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...

Реал Мадрид бара пари од шест англиски гиганти за пропаднатата Суперлига

Реал Мадрид има намера да собере дел од трошоците...

Алегри разговарал со Де Лаурентис: Зборовите не значат ништо, ни требаат резултати

Тренерот на Наполи, Масимилијано Алегри, потврди дека разговарал со...