Ред Бул не ги продава Рејсинг Булс за 3 милијарди долари

Сопствениците на Ред Бул отфрлија понуда од 3 милијарди долари за нивниот втор тим во Формула 1, Рејсинг Булс. Ова е најновиот обид за купување на тимот во последните 18 месеци, при што цената постојано расте

Прегледи:

Датум:

Сопствениците на Ред Бул отфрлија понуда од 3 милијарди долари за нивниот втор тим во Формула 1, Рејсинг Булс. Ова е најновиот обид за купување на тимот во последните 18 месеци, при што цената постојано расте.

Неуспешниот договор го откри британскиот весник „Тајмс“, кој исто така фрли светлина врз тоа кој е потенцијалниот купувач.

Проектот за купување на Рејсинг Булс го водеа Дин Ату, поранешен советник на Берни Еклстоун, и финансиерот Ендру Хариот. Двајцата беа поддржани од финансиски средства од Абу Даби.

Интересно е што Ату прави втор обид да влезе во Формула 1 според таква шема, но и овој не успеа. Претходно, тој беше дел од групата инвеститори кои сакаа да ги купат комерцијалните права за Формула 1 од CVC Capital пред тие да бидат продадени на Liberty Media во 2016 година.

Шемата на Ред Бул за поседување на два тима од Формула 1 неодамна беше под сериозен притисок, при што се очекуваше ФИА и Liberty Media да застанат на страната на оние кои веруваат дека е погрешно еден сопственик да има два тима во едно првенство. Шефот на Мекларен, Зак Браун, е најактивниот и најогласен противник на шемата, и се претпоставува дека Ред Бул навистина ќе се раздели од својот втор тим во блиска иднина, бидејќи нема недостаток на интерес за неа, и покрај тоа што цените на тимовите од Формула 1 се зголемија неколку пати во последните години.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...