Тери предводи конзорциум кој ќе плати 14 милиони фунти за англиски клуб

Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери, предводи конзорциум за купување на третолигашкиот Колчестер, тврди „Сан“. Се очекува договорот да биде вреден 14 милиони фунти

Прегледи:

Датум:

Поранешниот капитен на Челси, Џон Тери, предводи конзорциум за купување на третолигашкиот Колчестер, тврди „Сан“. Се очекува договорот да биде вреден 14 милиони фунти.

Поранешниот дефанзивец моментално работи во академијата на „сините“ на Стемфорд Бриџ, но доколку договорот биде потврден, тој наскоро би можел целосно да се вклучи во управување со фудбалски клуб.

Според изданието, Тери е подготвен да објави договор вреден 14 милиони фунти за стекнување на тимот од Лига Два.

„Џеј Ти е навистина возбуден што ќе го официјализира“, изјавил извор одвнатре за изданието.

Се очекува фудбалската легенда да има „значајно влијание“ врз спортската и техничката страна на клубот од Есекс. Една можна причина за интересот на Тери за овој клуб би можел да биде фактот дека неговиот 22-годишен внук Френки Тери е дел од тимот на Колчестер.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...