Карлос Алкараз ќе го пропушти вториот Гренд слем турнир во годината. Шампионот на Ролан Гарос во последните две години нема да учествува на натпреварувањето во Париз поради повреда на зглобот. Тој ќе го пропушти и Мастерс турнирот во Рим.
Шпанецот ја претрпе повредата за време на победата на стартот во Барселона. Ова беше причината зошто не учествуваше на турнирот во Мадрид.
По последните тестови што му беа направени, неговиот тим процени дека неговото закрепнување ќе трае подолго и дека нема да игра во Рим и на Ролан Гарос.
„По резултатите од денешните тестови, одлучивме дека најразумно е да бидеме претпазливи и да не учествуваме во Рим и Ролан Гарос додека чекаме да го видиме напредокот и да одлучиме кога да се вратиме на теренот. Ова е тежок момент за мене, но сигурен сум дека ќе се вратам посилен“, напиша Алкараз на социјалните мрежи.
Карлос го загуби првото место на светската ранг-листа од Јаник Синер откако загуби од него во финалето во Монте Карло, а сега ќе падне уште повеќе, бидејќи минатата година триумфираше во Рим и Париз, што значи дека ќе изгуби 3.000 поени.


