Ѓорческа поразена на Ролан Гарос, следен турнир во Куршумлијска Бања

Прегледи:

Датум:

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа го заврши настапот на вториот Гренд слем турнир – Ролан Гарос откако во првото коло од квалификациите загуби од 17.носителка Сузан Ламенс од Холандија со 2-0 во сетови (6:4 и 6:2). Мечот траше 69.минути и беше прекинат во првиот сет при 2:2 во гемови поради дожд.

Во продолжението од мечот Ѓорческа дојде до предност од 4:3, но ривалката успеа да освои три гема во серија и го доби првиот сет со 6:4.

Во вториот сет резултатот во гемови повторно беше нерешен до средината на сетот 3:3, но противничката од Холандија со нова серија од три гема го доби сетот со 6:3, а со тоа и мечот со 2-0 во сетови.

Ѓорческа имаше проблеми со сервисот во текот на мечот и направи 16 двојни сервис грешки и имаше 41 неизнудена грешка.

Македонската тенисерка следната недела ја очекува настап на ИТФ турнир во Куршумлијска Бања во Србија.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Мурињо испрати јасна порака до ѕвездите на Реал Мадрид: Само грбот на клубот е недопирлив

Тренерот на Реал Мадрид, Жозе Мурињо, јасно стави до...

Хапоел има огромен буџет: Дури 70 милиони евра по сезона

Сопственикот на Хапоел Тел Авив, Офер Јанаи, откри дека...

📸 Најавена целосна реконструкција на спортската сала „Македонија“ во Прилеп

Спортската сала „Македонија“ во Прилеп ќе добие целосна реконструкција....

Тен Хаг: Се согласивме Мектомини да остане, а потоа го продадоа

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, го...