Историско финале во Синсинати: Две Американки во борба за титулата по 56 години

Коко Гоф и Џесика Пегула ќе се борат за титулата во Синсинати, во првото целосно американско женско финале на овој турнир од 1970 година.

Прегледи:

Датум:

Коко Гоф и Џесика Пегула ќе се борат за титулата во Синсинати, во првото целосно американско женско финале на овој турнир од 1970 година.

Пегула постигна голем резултат во полуфиналето и ја елиминираше бранителката на титулата Ига Швjонтек по три сета – 7:5, 4:6, 6:4.

Американката заостануваше со брејк во решавачкиот сет, но успеа да направи пресврт и да стигне до 45-та победа во сезоната, најмногу на ВТА турнејата. Таа ја постигна и јубилејната 300-та победа во кариерата и ја прекина серијата на Швjонтек од десет последователни триумфи.

Пегула така ќе добие уште една шанса да го освои Синсинати, откако беше поразена од Арина Сабаленка во финалето во 2024 година.

Гоф имаше многу полесна работа во своето полуфинале. Шампионката од Синсинати во 2023 година ја победи Сара Бејлек со 6-4, 6-1 за да го запре брилијантниот налет на младата чешка тенисерка, која ги елиминираше првата носителка Сабаленка, а потоа и Медисон Киз на патот до полуфиналето.

Последниот пат кога две Американки играа во финалето во Синсинати беше пред 56 години, кога Роузи Касалс ја победи Ненси Ричи во 1970 година.

„Отсекогаш сум била обожавател на американскиот тенис. Обожавам да играм против некој со кого се сложувам и многу го почитувам, како Коко. Не сфатив дека поминало толку долго од последното американско финале. Сега публиката може едноставно да излезе и да ужива во натпреварот“, рече Пегула.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📸 Што значат илјадниците банани од навивачите на Сити во дербито со Ливерпул?

Навивачите на Манчестер Сити денес донесоа надуени банани, еден...

Хамилтон ја презема вината за неуспешната стратегија на Ферари во Сингапур

Стратешка грешка за време на Големата награда на Сингапур...

Премиер лига: Палас го победи Нотингем, Хал и Евертон ремизираа

Кристал Палас го победи Нотингем Форест со 3-1 дома...

Лацио ја победи Монца и се израмни со Интер на врвот

Фудбалерите на Лацио ја оправдаа својата улога на фаворити...