Канабисот ги вознемирува тенисерите на Отвореното првенство на САД

Британската тенисерка Кејти Болтер се пожали дека мирисот на канабис и пречи на Отвореното првенство на САД. Четвртиот Гренд слем во сезоната, каде што канабисот е легален за лица над 21 година, започнува во недела

Прегледи:

Датум:

Британската тенисерка Кејти Болтер се пожали дека мирисот на канабис и пречи на Отвореното првенство на САД. Четвртиот Гренд слем во сезоната, каде што канабисот е легален за лица над 21 година, започнува во недела.

Иако пушењето не е дозволено на теренот, мирисот на канабис се шири на теренот од блискиот Корона Парк.

„Не сум голем обожавател на тоа. Знам дека многу играчи се пожалија на некои од овие терени. Играв на еден и претходно и го почувствував мирисот за време на натпревар“, рече Болтер.

„Тоа е нешто што не би сакала да го почувствувам среде натпревар. Се обидувам да се фокусирам, а потоа очигледно ве одвлекува вниманието, тоа не е нешто што го сакам. Не е потребно да има такво одвлекување на вниманието, па затоа не сум голем обожавател на тоа“, додаде Британката.

Американската тениска асоцијација вели дека работи со локалната полиција за намалување на пушењето во близина на „Флешинг Медоус“.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Рилски посегна по најдобриот адут на ТФТ: Секу Сила заминува од Тафталиџе

ТФТ ќе мора да бара ново решение под кошевите....

Лазаров останува во Европа: Алкалоид загуби во Велење, но го исполни планот

Алкалоид ќе игра во осминафиналето на ЕХФ Европскиот куп,...

🎥 Рома не се предава, Мален и Суле ја доближија „волчицата“ до Лацио

Римските клубови продолжуваат да го диктираат темпото во Серија...

🎬 Реал загуби, Барса казни: пет гола на „Риазор“ за цврсто лидерско место

Барселона ја искористи шансата што ѝ се отвори по...