Конечно успеа: Саша Зверев по драма стана Гренд слем шампион

Германскиот тенисер Александар Зверев, кој неодамна наполни 29 години, денес го освои Ролан Гарос и својата прва Гренд слем титула во кариерата, со што влезе во кругот на „бесмртните“

Прегледи:

Датум:

Германскиот тенисер Александар Зверев, кој неодамна наполни 29 години, денес го освои Ролан Гарос и својата прва Гренд слем титула во кариерата, со што влезе во кругот на „бесмртните“. Третиот тенисер во светот го победи Италијанецот Флавио Коболи (АТП, 14) со 3:2 во големото финале во „Филип Шатрие“ по голема борба и драма, во сетови: 6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1 за четири часа и 16 минути одличен тенис.

Ова беше четврта среќа за Германецот. Во претходните три Гренд слем финалиња, тој беше запрен од Доминик Тим (УС Опен 2020), Карлос Алкараз (Ролан Гарос, 2024) и Јаник Синер (2025). Но, ова финале беше различно, ги немаше најдобрите играчи (Алкараз, Синер, Ѓоковиќ…) и тој мораше да ја искористи оваа шанса. Во натпреварот „сега или никогаш“, тој покажа дека е сè уште еден од најдобрите тенисери денес. Денешниот успех дефинитивно му отвора нови врати.

Самото финале понуди спектакл и драма. Првиот сет му припадна целосно на Зверев, кој славеше со три брејка, 6:1. Но, во вториот, Италијанецот ги покажа забите, еден брејк му беше доволен за да израмни во сетовите. Зверев поведе со 2:1 по брејкот во десеттиот гем од третиот сет.

Во четвртиот сет, Коболи имаше брејк предност, но Германецот имаше одговор. Го израмни резултатот на 3:3, а потоа раката на Саша повторно затрепери. Коболи направи уште еден брејк, што го потврди за 5:3. Во продолжение, 24-годишниот Италијанец сервираше за сет, но Зверев спектакуларно направи брејк за 5:5. Потоа Германецот сервираше безбедно за 6:5 и дојде до гемот од соништата, но Коболи го доби тајбрејкот во кој одигра брилијантно и со фантастична паралела за 7:5 го освои петтиот сет за целосен делириум врз Шатрие.

Иако моментумот беше на страната на Италијанецот, Зверев покажа дека е подготвен да испише историја. Веднаш направи два брејка за големи 3:0, а кога сервираше за 4:0 и спаси три брејк топки, на сите им беше јасно дека Саша е на чекор до својот сон. На крајот 6:1 и голема прослава на Александар Зверев кој го симна проклетството наречено Гренд слем.

Така заврши сензационалниот Ролан Гарос кој роди нов Гренд слем шампион.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...