Антонели продолжи да доминира и победи во хаотичната трка во Монако

Кими Антонели (19) ја освои Големата награда на Монако со Мерцедес, но самата трка понуди невидена драма, многу прекини и целосен колапс на главните конкуренти

Прегледи:

Датум:

Кими Антонели (19) ја освои Големата награда на Монако со Мерцедес, но самата трка понуди невидена драма, многу прекини и целосен колапс на главните конкуренти.

Додека младиот Италијанец ја славеше својата петта последователна победа во сезоната, Макс Верстапен и домашниот ас Шарл Леклер доживеаја вистински катастрофи.

Сè започна со шок на самиот старт. Макс Верстапен, кој стартуваше од втората позиција, целосно потфрли кога црвените светла се изгаснаа, остана закопан на целта и падна на последното место поради голем дефект на автомобилот.

За возачот на Ред Бул, трката заврши во третиот круг кога мораше да го паркира својот автомобил во гаражата. Антонели го искористи овој подарок и веднаш се одвои на безбедно растојание пред дуото на Ферари, Луис Хамилтон и Шарл Леклер, контролирајќи го темпото и поставувајќи ги најбрзите кругови.

Средината на трката донесе тактички маневри, но и низа казни за пребрзо возење во боксот, што ги чинеше Хамилтон и Расел во раните фази.

Следеа нови откажувања, па по Ботас и Берман, Ландо Норис мораше да го заврши својот настап во 47-от круг поради чад од моторот. Релативно мирен период беше прекинат од силниот удар на Ленс Строл во ѕидот во 60-от круг, кој го извади безбедносното возило и целосно ја стопи огромната предност на Антонели од над 30 секунди.

Вистинската возбуда следеше веднаш откако безбедносното возило се врати во боксот во 66-от круг. Поради целосно откажување на сопирачките, Шарл Леклер ја изгуби контролата врз автомобилот и се удри во ѕидот веднаш по кривината Ла Раскас.

Возачор од Кнежеството беше видливо бесен, а откако влезе во боксот, ја фрли кацигата на подот, не верувајќи што му се случи на неговиот домашен терен.

Само две минути подоцна, трката беше прекината од црвено знаме, но од сосема бизарна причина. Асфалтот на критичната кривина „La Rascasse“ почна буквално да се лупи и да се уништува под притисокот на автомобилот, па директорот на трката Руи Маркез мораше да ги запре сите возачи во боксот за работниците итно да ја санираат површината.

По долго чекање и поправка на патеката, беше донесена одлука преостанатите осум круга да се возат со старт од место. Антонели беше непогрешлив по рестартирањето и ја освои својата петта последователна победа пред Луис Хамилтон и Исак Хаџар.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...