Ролан Гарос ќе има нова шампионка: Гоф поразена од Потапова

Американската тенисерка Коко Гоф не успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос во Париз, откако вечерва загуби од Анастасија Потапова од Австрија во третото коло по три сета, 6:4, 6:7, 4:6

Прегледи:

Датум:

Американската тенисерка Коко Гоф не успеа да ја одбрани титулата на Ролан Гарос во Париз, откако вечерва загуби од Анастасија Потапова од Австрија во третото коло по три сета, 6:4, 6:7, 4:6.

Потапова, 30-та тенисерка во светот, ја победи четвртата на ВТА листата по два часа и 37 минути.

Таа започна добро, правејќи брејк во првиот гем од првиот сет и ја задржа таа предност до 4:2, а потоа Гоф играше подобро, добивајќи четири последователни гема и поведувајќи во сетови во натпреварот.

Тенисерките направија четири брејка во вториот сет и се играше тајбрејк, кој Потапова го доби со 7:1.

Гоф поведе со 3-1 во третиот сет, а Потапова успеа да се врати во шестиот гем за да го израмни резултатот на 3-3. Потоа тенисерките добиваа гемови на своите сервиси сè до десеттиот, кога Потапова направи уште еден брејк и по првата меч-топка се пласираше во осминафиналето.

Нејзина противничка ќе биде Русинката Ана Калинскаја, која ја победи Камила Осорио од Колумбија со 6-3, 0-6, 6-2.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...

Рафиња нов прв капитен на Барселона, Јамал петти на листата

Актуелниот шпански шампион Барселона денес објави дека прв капитен...

Евролигата потврди: Суперкупот во Абу Даби

Евролигата ги негираше наводите дека првиот Суперкуп од ова...