Шок на Ролан Гарос: Ѓоковиќ поразен од Фонсека иако водеше со 2-0 во сетови

Ништо од 25-тата Гренд слем титула за Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер доживеа неочекуван пораз на Ролан Гарос, според сценариото на Јаник Синер, иако го отвори мечот на доминантен начин и се чинеше дека се движи кон следната рунда

Прегледи:

Датум:

Ништо од 25-тата Гренд слем титула за Новак Ѓоковиќ. Српскиот тенисер доживеа неочекуван пораз на Ролан Гарос, според сценариото на Јаник Синер, иако го отвори мечот на доминантен начин и се чинеше дека се движи кон следната рунда.

По одличните први два сета, во кои имаше целосна контрола врз играта и ритамот, Ѓоковиќ имаше сè во свои раце. Сепак, дуелот потоа доби сосема поинаков тек, а младиот Бразилец Жоао Фонсека успеа да направи голем пресврт и на крајот славеше со резултат од 3-2 (6-4, 6-4, 3-6, 5-7, 5-7).

Мечот траеше четири часа и 57 минути.

Српскиот ас долго време изгледаше дека има се под контрола, но Фонсека постепено ја подигнуваше својата игра, ги намалуваше грешките и влегуваше во поените со поголема храброст.

Како што одминуваше натпреварот, моментумот се префрли на страната на Бразилецот, кој го искористи секој пад во ритамот на Новак.

На крајот, и покрај одличниот почеток и водството, Ѓоковиќ не можеше да ја одржи контролата, а Фонсека ја заврши работата и изведе едно од најголемите изненадувања на турнирот.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...