Швјонтек ја спаси Сабаленка – Рибакина се предаде во Синсинати

Полската тенисерка Ига Швјонтек ја победи Елена Рибакина во четвртфиналето во Синсинати

Прегледи:

Датум:

Во четвртокот во Синсинати имаше големо изненадување кај дамите, кога Арина Сабаленка загуби од Чехињата Сара Бејлек и го доведе во опасност првото место на ранг-листата на ВТА.

Елена Рибакина, втората тенисерка на планетата, имаше шанса да стане најдобрата тенисерка во светот со пласман во финалето во Синсинати во понеделник, но…

Рибакина беше елиминирана во четвртфиналето во Синсинати од Ига Швјонтек откако беше принудена да го предаде мечот во првиот сет.

Полјачката доминираше на теренот и имаше предност од 4:1, а беше очигледно дека Казахстанката имаше некаков проблем по тој петти гем.

Рибакина побара медицински тајм-аут бидејќи имаше проблеми со левиот глужд и ѝ беше потребна медицинска помош.

Таа се обиде да го продолжи мечот и по еден сервис одлучи дека тоа нема да биде можно, па се повлече, а Ига Швјонтек продолжи понатаму, додека Рибакина ќе мора да се опорави од повредата на глуждот.

Ига Швјонтек ќе игра против американската тенисерка Џесика Пегула во полуфиналето.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

МЗТ Скопје ја запиша втората победа во првенството

Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром запиша втора победа во...

Тотенхем стигна до бод во дербито со Манчестер со гол во продолжението и играч помалку

Манчестер Јунајтед и Тотенхем одиграа 1-1 во натпревар од...

Барса даде „само“ три гола против Хетафе и израмни рекорд

Барселона ја забележа осмата победа од почетокот на Ла...

🎥Нема казна за Норис по судирот со Пјастри во спринтот

Светскиот шампион Ландо Норис се спаси од казна за...