🎬 Невиден подвиг и историја на Ролан Гарос: Преку квалификациите до финалето

Маја Хвалинска, тенисерка од Полска и моментално 114-та тенисерка во светот, се пласираше во финалето на Ролан Гарос откако ја победи Диана Шнајдер од Русија со 7:6(4), 6:4 во полуфиналето.

Прегледи:

Датум:

Маја Хвалинска, тенисерка од Полска и моментално 114-та тенисерка во светот, се пласираше во финалето на Ролан Гарос откако ја победи Диана Шнајдер од Русија со 7:6(4), 6:4 во полуфиналето.

Хвалинска ги победи Алис Раме, Карол Моне, Сузан Ламенс во квалификациите, а потоа и Кинвен Женг, Елиз Мертенс, Марија Сакари, Дајан Пари и Ана Калинскаја пред нејзиниот дуел со Шнајдер.

Така таа стана најниско рангираната тенисерка во финалето и првата тенисерка што стигна до борбата за титулата преку квалификации.

Пред неа, најниско рангираната тенисерка во финалето на Ролан Гарос беше Флорента Михаи, познатата Романка која стигна до финалето во 1977 година како 56-та тенисерка во светот.

Доколку ја победи Мира Андреева во финалето, ќе го надмине резултатот на нејзината сонародничка Ига Швјонтек, која ја освои титулата во 2020 година како 54-та тенисерка на планетата.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Карик задоволен од селекцијата

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Мајкл Карик, изјави дека е...

🎬 Ројевиќ и ГРК Охрид заедно до 2029 година

Борис Ројевиќ го продолжи договорот со ГРК Охрид до...

Апелациониот суд на ФИА му го одзеде подиумот на Гасли на ГН во Монако

Три месеци по Големата награда на Монако, трката во...

Мекларен го праќа Норис во Ле Ман следната година?

Светскиот шампион во Формула 1, Ландо Норис, би можел...