Реал Мадрид го назначи Рафаел Надал, освојувачот на 22 гренд слем титули во тенис, во својот Управен одбор. Неговото назначување за член на одборот ќе биде презентирано на генералното собрание на клубот.
Надал е веќе почесен член на клубот.
„Голема чест е за Реал Мадрид и за сите наши фанови што личност од таков спортски и човечки углед ќе се придружи на нашиот одбор“, се вели во соопштението на клубот.
Клубот ги истакна спортските достигнувања на Надал, вклучувајќи 92 титули во поединечна конкуренција, два златни олимписки медали, пет триумфи на Дејвис купот со Шпанија и фактот дека тој беше тенисер број еден во светот.
Quiero agradecer al presidente Florentino Pérez y a la Junta que me hayan propuesto formar parte de la Junta Directiva del @realmadrid.
He aceptado esta propuesta con mucha ilusión, ganas de aprender y aportar todo lo que pueda.
🤍🤍🤍 https://t.co/cFBQnUVW6j
— Rafa Nadal (@RafaelNadal) November 4, 2026
Реал Мадрид соопшти дека неговите квалитети – како што се понизноста, почитта кон противниците и посветеноста на хуманитарната работа – исто така го одразуваат идентитетот на клубот.
„Сите овие вредности се дел од идентитетот на Реал Мадрид, а Рафаел Надал ги претставуваше во текот на целата своја спортска кариера“, се вели во соопштението.
Надал ја прифати поканата.
„Би сакал да им се заблагодарам на претседателот Флорентино Перез и на Управниот одбор за поканата да се приклучам на Управниот одбор на Реал Мадрид. Ја прифатив оваа покана со голем ентузијазам, желен да учам и да придонесам колку што можам“, напиша тој на социјалните мрежи.


