Иднината на Верстапен во Ред Бул може да биде јасна пред летната пауза

Менаџерот на четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен - Рејмонд Вермелен, коментираше за иднината на својот клиент за германското издание „Спорт Билд“

Прегледи:

Датум:

Менаџерот на четирикратниот светски шампион во Формула 1, Макс Верстапен – Рејмонд Вермелен, коментираше за иднината на својот клиент за германското издание „Спорт Билд“.

Вермелен, секако, се осврна на дискусијата околу договорот на Верстапен со Ред Бул, кој беше потпишан на почетокот на 2022 година и важи до крајот на сезоната 2028 година. Според Вермелен, неговиот клиент би сакал да ја заврши кариерата со „биковите“, но тоа зависи од одредени услови. Тој додаде и дека е можно да има јасност околу иднината на Верстапен во Формула 1 пред летната пауза, која ќе започне на крајот на јули.

„Нашиот договор е до крајот на 2028 година. Секако, договорот има клаузули за раскинување, но досега не сме морале да ги користиме. Сакаме наскоро да ја донесеме нашата одлука за да бидат сите свесни за ситуацијата, можеби дури и пред летната пауза. Би сакале да продолжиме со Ред Бул и Макс да ја заврши неговата кариера таму, но тој секогаш треба да има шанса да се бори за победи“, рече Вермелен.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Маркез ќе мора да почека за титулата: Бецеки ја освои трката во Катар

Возачот на Априлија, Марко Бецеки, ја освои денешната трка...

🎥 Алкараз го победи Шелтон и првпат го освои Мастерсот во Париз

Карлос Алкараз го освои Мастерс турнирот во Париз откако...

Македонија потфрли во Халкида, Грција ја казни лошата игра на избраниците на Лазаров

Македонската ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите...