Само еден месец откако заврши со играњето, Гаел Монфилс е именуван за тренер на францускиот тим за Дејвис Купот.
„Горд сум што сум тренер на националниот тим. Овој син дрес ми значи толку многу. Сакам да изградам вистински колективен проект и да создадам динамика што ќе ни овозможи да освојуваме титули“, рече Монфис во соопштението од Федерацијата.
Монфис планираше да ја заврши кариерата на Мастерсот во Париз оваа недела, но го стори тоа порано.
Тој го наследи Пол-Анри Матие како тренер, кој ги водеше „триколорите“ три години.
Монфис одигра 15 натпревари во поединечна конкуренција за време на неговата 22-годишна кариера во Дејвис Купот, победувајќи 12 пати.
Франција ќе го има својот следен натпревар за Дејвис Купот во февруари.


