Во последните 4 трки, Мекларен освои најмалку поени меѓу тимовите во првите 4 од табелата на конструктори – 52. За истите 4 трки, Ред Бул собра 128 поени, Мерцедес – 110, а Ферари – 98.
Значи, по напредокот во средината на сезоната, кога Ландо Норис забележа две победи, светските шампиони повторно заостануваат.
„Сè уште има време до крајот на сезоната“, прокоментира шефот на Мекларен, Андреа Стела и додаде:
„Подготвуваме некои подобрувања и промени и се надеваме дека тие ќе ни овозможат да ја намалиме разликата со лидерите и да можеме да се бориме за места на подиумот без да се потпираме на проблемите од нашите ривали. Дали ќе можеме повторно да се бориме за победи? Можеби тоа ќе стане јасно дури во последните три трки, бидејќи планираме постепено да воведуваме нови работи во нашиот автомобил.“


