Британскиот возач, Стивен Вилсон понуди решение за проблемите во комуникацијата помеѓу Луис Хамилтон и тимот на Ферари, кои беа откриени и за време на Големата награда на Сингапур.
Според Вилсон, кој четири пати се натпреваруваше на Инди 500, „Црните коњи“ треба да најдат инженер што зборува англиски јазик за да работи со Хамилтон, бидејќи според него, јазичната бариера е сè уште проблем. Тој дури го предложи и Роб Смедли, поранешниот инженер на Фелипе Маса, како можна опција за Хамилтон, но тоа веројатно никогаш нема да се случи.
„Знаете што би сакал да се случи. Роб Смедли да се врати во Ферари и да работи со Хамилтон. Мислам дека премногу работи се изгубени во преводот во моментов, хемијата едноставно ја нема, очекувањето работите да се подобрат оттука е нереално, приоритет треба да биде извлекувањето на најдоброто од Луис“, напиша Вилсон.
Во својата дебитантска сезона со Ферари, Хамилтон работеше со Рикардо Адами, но комуникацијата меѓу нив беше исклучително тешка. Поради оваа причина, на почетокот од оваа кампања, седумкратниот шампион доби нов инженер – Карло Санти, и покрај подобрувањето, сè уште има моменти кога е јасно дека хармонијата меѓу нив двајца не е на вистинското ниво.


