🎬 Немири на улиците на Буенос Аирес по финалето на Светското, полицијата употреби солзавец и водени топови

Драматични сцени и тешки судири го зафатија самиот центар на Буенос Аирес по финалето на Светското првенство. Немирите избувнаа откако Аргентина беше поразена со 1-0 од Шпанија во финалето на Светското првенство

Прегледи:

Датум:

Драматични сцени и тешки судири го зафатија самиот центар на Буенос Аирес по финалето на Светското првенство. Немирите избувнаа откако Аргентина беше поразена со 1-0 од Шпанија во финалето на Светското првенство.

Голем собир на граѓани и навивачи во близина на познатиот Обелиск се претвори во хаос по насилните судири со полицијата.

Снимките од местото на настанот ги покажуваат улиците околу Плаза де ла Република и Авенијата 9-ти Јули како целосно се уништуваат. Она што започна како масовно собирање брзо излезе од контрола, оставајќи ги улиците преполни со камења, стакло, запалени контејнери и огромна количина ѓубре.

Групи демонстранти фрлаа тврди предмети и пиротехнички средства кон безбедносните кордони, додека полицијата во полна опрема одговори со солзавец, шок бомби и употреба на водни топови и полициски единици на мотоцикли.

По неколкучасовни судири, полициските сили успеаја да ги потиснат најагресивните групи и делумно да ги расчистат блокираните раскрсници.

Во пошироката област околу Обелискот, беше предизвикана значителна материјална штета на градската инфраструктура, сообраќајните сигнали и околните згради.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

Изненадување на сезоната: Гасли ја освои пол-позицијата во Монца

Пјер Гасли го направи изненадувањето на сезоната во Формула...

🎥Аматеризам: Милиметри ги делеа Сити и Донарума од бизарен автогол

Голманот на Манчестер Сити, Џанлуиџи Донарума, речиси направи кардинална...

Нов удар за Реал Мадрид: Кукуреља неизвесен за натпреварот со Интер во Лигата на шампионите

Брилијантниот лев бек на Реал Мадрид, Марк Кукуреља, беше...