Пирс Морган за поразот на Аргентина: Група одвратни, насилни силеџии и срам за фудбалот

Шпанската фудбалска репрезентација ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство синоќа и стана светски шампион по втор пат.

Прегледи:

Датум:

Шпанската фудбалска репрезентација ја победи Аргентина во финалето на Светското првенство синоќа и стана светски шампион по втор пат. Крајот на финалето беше обележан со судир меѓу аргентинските и шпанските фудбалери. Во центарот на инцидентот беше аргентинскиот играч од средниот ред Леандро Паредес, кој се судри со Ерик Гарсија и Гави и доби директен црвен картон по последниот свиреж.

На однесувањето на Аргентинците брзо реагираше познатиот британски новинар и телевизиски водител Пирс Морган.

Тој конкретно го прозва Паредес, а не ги поштеди ниту останатите „Гаучоси“.

„Одвратното однесување на Аргентинците на крајот од натпреварот, особено на Паредес. Тие се само група одвратни, насилни силеџии и срам за фудбалот. Никогаш не сум бил посреќен што некој тим загуби“, напиша Морган на X.

„Кармата е ку*ка“, напиша тој претходно, споделувајќи фотографија од репрезентацијата на Аргентина како ја слави победата против Англија со порака за Малвините. Така Аргентинците ги нарекуваат Фолкландските Острови, кои ги загубија во војната против Британците.

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...