📽️Манчестер Јунајтед се поблиску до Лигата на шампионите по победата над директиниот конкурент

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја победија Астон Вила со резултат од 3:1 во директен судир на ривалите за Лигата на шампионите и со тоа направија голем чекор кон најелитното фудбалско натпреварување

Прегледи:

Датум:

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед ја победија Астон Вила со резултат од 3:1 во директен судир на ривалите за Лигата на шампионите и со тоа направија голем чекор кон најелитното фудбалско натпреварување.

Првото полувреме од овој натпревар не понуди многу, но продолжението беше токму она што сите го посакуваа, особено навивачите на домашниот тим.

Во 53-тата минута, Касемиро постигна одличен гол со глава од блиската статива по корнерот на Бруно Фернандез, но Астон Вила израмни преку Рос Баркли само 11 минути подоцна.

Бруно повторно беше асистент кога беше потребно, а во 71-вата минута неговата асистенција ја искористи Матеус Куња. Конечните 3:1 ги постигна Бенџамин Шешко 10 минути пред крајот.

Победата го искачи Јунајтед на третото место и веројатно е клучен чекор кон место во Лигата на шампионите, бидејќи се шест бода пред петтопласираниот Челси. Вила останува на четвртото место.

Во другите натпревари немаше голови, Кристал Палас одигра нерешено со Лидс, а Нотингем Форест со Фулам.

Standings provided by Sofascore

Сподели:

повеќе вести
ПОВРЗАНИ

📽️ Детроит направи голем пресврт и го победи Бостон на стартот на НБА лигата

Детроит ја отвори новата сезона во НБА лигата на...

Јалчин е нов селектор на Турција

Серген Јалчин е нов селектор на турската фудбалска репрезентација,...

Фабрегас ги отфрли шпекулациите за нов тренер на Манчестер Јунајтед

Тренерот Сеск Фабрегас не сакаше да зборува за можноста...

🎥 Спектакл со шест гола во Париз: ПСЖ ја победи Барселона во неверојатен финиш

ПСЖ ја победи Барселона со 4-2 во дербито од...